четврток, 7 мај 2026

Теодора Генчовска, историчарка и воен експерт кандидат за министерка за надворешни работи на Бугарија

Објавено на

часот

Сподели

Генчовска дипломирала современа историја на софискиот универзитет „Свети Климент Охридски“, а подоцна студирала на Воената академија „Георги С. Раковски“. Поминала голем број дополнителни обуки: курсеви за политики и планирање на Школата на НАТО во Германија; стратешки модул на НАТО-колеџот во Рим, Италија; обука за меѓународни односи на воена академија во Велика Британија. Посетувала стратешки курс по воена дипломатија во воена база во САД.

Генчовска е експерт за безбедност и одбрана. Нејзината професионална кариера почнала во Генералштабот на бугарската армија каде стигнала до функцијата шеф на Секторот за НАТО и Европската Унија во Министерството за одбрана. Таа беше советник за одбрана во претставништвото на Бугарија во ЕУ и во делегацијата во НАТО. Генчовска беше дел од бугарските делегации на самитите на НАТО во Истанбул, Велс, Варшава, Брисел.

По неуспешните парламентарни избори годинава во Бугарија, за партијата на Трифонов, Генчовска беше кандидатка за министерка за одбрана. Сега нејзиното име се појави како потенцијален шеф на бугарската дипломатија.

Бугарските медиуми пишуваат дека одмрзнувањето на преговорите со ЕУ на Македонија веројатно нема да биде меѓу приоритетните прашања на новата мининистерка затоа што нема никакви сигнали за промена на актуелната бугарска политика. Француското претседателство со ЕК почнува на 1 јануари, а претседателот Емануел Макрон најверојатно ќе биде претпазлив пред претседателските избори во Франција во април. Ова последното може да биде добро за надворешната политика на Бугарија во однос на спорот со Македонија, пишуваат бугарските медиуми, бидејќи ќе се види дали има алтернативи за промени, дали ќе работат билатералните комисии и што мисли за тоа новата влада во Берлин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ