сабота, 2 мај 2026

Таравари за локалните избори не исклучува коалиција ни со ВМРО-ДПМНЕ ни со СДСМ

Објавено на

часот

Сподели

Според Таравари, за Алијансата на Албанците можна е и предизборна коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, но и со СДСМ, додека за тоа дали тој ќе се трка за нов мандат изјави дека ќе одлучат партиските тела: Сепак, вели големи се шансите тој да биде кандидат на Алијанса за Албанците за Гостивар.

Таравари денеска најави дека изборот на кандидати за локалните избори во октомври во коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива ќе почне на 15 јули, а на 15 август ќе бидат објавени кандидатите за сите општини каде ќе се натпреварува оваа коалиција.

„Апсолутно ќе имаме коалиции. На локални избори победуваат оние кои имаат најмногу коалиции со разни партии. Ќе видиме по структурата на население во општините, така и ќе постапуваме. Најверојатно во Гостивар ќе се обидеме да направиме коалиција и со македонска партија, со две-три кои функционираат, со турски партии, ромски партии… Ќе се обидеме да соработуваме со сите партии, бидејќи овде не се гласа за партија, туку за личност“, изјави Таравари.

Тој посочи дека за Алијансата за Албанците коалиции се можни со сите партии, вклучувајќи ги и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Таравари уште изјави дека неговата партија засега нема став за резолуцијата која ВМРО-ДПМНЕ планира да ја поднесе во Собранието во врска со „црвените линии” за преговорите со Бугарија и најави дека партијата утре или задутре ќе излезе со конечен став дали ќе ја поддржи најавената резолуција.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ