сабота, 2 мај 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС се изгубени во магла

„СДС на чело со Венко Филипче се тотално изгубени и во политичка магла. СДС и Филипче се без концепт и без јасна стратегија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

„Лицемерието на Венко нема крај. Секој ден на прес-конференции растура пердува, а кога има можност за прашања и соочување тогаш бега. Филипче повторно избега од пратенички прашања и од Франкфурт праќа поздрави за работниците на Меѓународниот ден на трудот. Европската реторика на СДС и Филипче е без план и без правец. СДС и Филипче декларативно се проевропски но реално се без правец и стратегија обидувајќи се да ја скријат паниката и нервозата поради колапсот на сопствениот рејтинг. СДС повеќе не може да се крие зад празната флоскула ‘проевропски’.

Зад таа реторика нема ниту конзистентност, ниту кредибилитет, туку политички опортунизам и предавства. Венко Филипче со неговата реторика се обидува да се продаде како единствен арбитер за европскиот пат, без да постави никакви црвени линии. Венко Филипче е спремен да ги распродава националните интереси исто како неговиот ментор Заев, само за да си ја зачува фотелјата на Бихачка и да дојде до власт. Филипче отворено најавува подготвеност за уставни измени веднаш, без услови и без гаранции дека тоа ќе биде последната пречка за државата. Тоа е конзистетност на истата политика на отстапки како Зоран Заев и останатите кои поради нивната сервилност, ја ставија Македонија во ситуација да се соочува со блокада на патот кон ЕУ. СДС на чело со Филипче подготвени се да распродадат, сè што е македонско, идентитетот, јазикот, историја и културата само поради една цел, за да дојдат на власт. Во исто време, луѓе од неговиот најтесен круг отворено го релативизираат македонскиот идентитет. Рубин Земон, член на Извршниот одбор на СДС, изјавува дека Гоце Делчев е ‘мит’ и небитен.

Филипче за ова молчи. Молкот е одобрување. Дополнително, Филипче манипулира со јавноста преку спинување на изјави на европски претставници, вклучително и на Томас Вајц, кој јавно ги демантираше таквите интерпретации. Наместо транспарентност од СДС, гледаме дезинформации поради страв и паника. СДС и Филипче со месеци ширеа невистини дека средствата од ИПАРД програмата се изгубени и блокирани, плашејќи ги земјоделците. Вистината е спротивна, средствата се достапни и ставени се на располагање на земјоделците. Ова не е проевропско однесување. Ова е пример за партија која декларативно се повикува на Европа, а практично работи спротивно на вредностите на вистината, одговорноста и достоинството. Граѓаните заслужуваат чесна политика, јасни позиции и заштита на националните интереси. СДС и Филипче не го нудат тоа“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ