Истиот ден, во 13:00 часот на булеварот „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници го лишиле од слобода и М.С. (41) од Тетово. При контрола било утврдено дека управувал патничко возило мерцедес со тетовски регистарски ознаки, иако имал активна мерка „забрана за управување со моторно возило“ од Б категорија.
Возилото било привремено одземено и задржано во полициска станица, а против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик.






