сабота, 2 мај 2026

Пријавена измама во Тетово, исплатен капар за градежни работи кои не биле извршени

Вчера во СВР Тетово, 53-годишен маж од Тетово пријавил дека бил измамен од Х.А. од село Доброште.

Објавено на

часот

Сподели

Според пријавата, во октомври 2024 година, преку социјални мрежи, тој се договорил со пријавениот за извршување градежни работи во вредност од 860 евра, при што однапред му исплатил 400 евра како капар.

Како што се наведува, и по 18 месеци пријавениот не ја започнал работата и избегнувал контакт со оштетениот.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ