Имено, германскиот стратег ангажирал ММА борец кој учествувал на тренинзите со цел да им помогне на фудбалерите да ја подобрат одбраната при прекини и однесувањето во директни физички дуели. Хирцелер ја потврди оваа информација на прес-конференција пред гостувањето кај Њукасл, откривајќи дека ваквиот експеримент се случил пред неколку месеци.
„Да, го доведовме пред неколку месеци. Зборувавме за одбрана при прекини, како да блокираме и за некои нови трендови во Премиер лигата. Понекогаш во дуелите мора да бидете цврсти. Постојат различни начини како да го користите телото и вештините во дуели еден на еден, а нивна задача е да најдат начин како да го победат противникот. Ние сакаме да внесуваме работи од други спортови. Земавме некои идеи од него. Не сакаме лесно да нè победуваат повисоки тимови. Можеби не сме физички високи, но секогаш постои начин да се одбраните во дуелите еден на еден, затоа користиме техники и од ММА“, изјави Хирцелер.
Очигледно, во Брајтон не се плашат од неконвенционални методи, а останува да се види дали овој пристап ќе донесе резултати на теренот.






