„Од страна на Владата на Мицкоски и Министерството за правда сè уште нема поднесено барање за екстрадиција на осудениот криминалец Груевски. Мицкоски не сака да го побара Груевски. Не знае што да прави со него. Ако го апси – ќе се соочи со осуда на сопственото членство. Затоа Мицкоски тивко му дава можност на Груевски да побегне. Затоа документите или патуваат или се заглавија во Пошта. Ова не е случајност. Ова е свесна заштита на криминалецот од страна на шефот на криминалната организација ВМРО-ОКГ. Граѓаните јасно гледаат: тој не го враќа Груевски затоа што не сака да го врати. Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!“, стои во соопштението од СДСМ.






