сабота, 2 мај 2026

Два одделни физички напади пријавени во Јажинце, едно лице приведено

Полициски службеници од Полициското одделение Теарце го привеле Н.С. (37) од село Јажинце, по претходно пријавени два одделни случаи на физички напад.

Објавено на

часот

Сподели

Според пријавата, Р.С. (29) од село Седларево пријавила дека во двор од куќа во Јажинце била физички нападната од пријавениот, кој ѝ е братучед. Подоцна, М.С. (31) од Седларево, нејзиниот сопруг, пријавил дека додека бил со своето возило во Јажинце, исто така бил физички нападнат од Н.С.

По целосно документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ