По извршените проверки било утврдено дека станува збор за Е.К. (27) од Гостивар. Тој, управувајќи четирицикл без регистарски ознаки и без возачка дозвола на шумски пат помеѓу селата Речане и Дуф, изгубил контрола и паднал, при што се здобил со тешки телесни повреди.
За настанот е известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.






