вторник, 5 мај 2026

Таравари: Победив во Гостивар, власта брутално ја поразивме, oд утре разговори за нова Влада

Објавено на

часот

Сподели

„Јас добив околу 18 илјади гласови, додека Али Ахмети и Владата добија само 12 илјади гласови“, рече Таравари мислејќи притоа на гласовите што ги добил неговиот противкандидат Невзат Бејта од ДУИ.

Ако во првиот круг победивме со околу 2 илјади гласови, сега победата е многу поголема, рече Таравари и духовито додаде: „Ако сакаат да има трет круг тогаш резултатот ќе биде 2 наспроти 1“.

Таравари нагласи дека добива информации дека коалицијата на власта загубила покрај во Гостивар, и во Тетово, Дебар, Скопје, Битола и во Охрид.

„Се надевам дека од утре ќе започнат разговорите за нова Влада бидејќи СДСМ и ДУИ повеќе немаат кредибилитет да ја водат државата“, рече Таравари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ