вторник, 5 мај 2026

Кривични пријави за родители поради врсничко насилство во Ѓорче Петров

Единицата за внатрешни работи Ѓорче Петров при СВР Скопје денеска (05.05.2026) поднесе шест кривични пријави до Основното јавно обвинителство Скопје против повеќе родители, поради сомнение за „запуштање и малтретирање дете“ согласно член 201 став 1 од Кривичниот законик.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од полицијата, пријавите се однесуваат на родители чии малолетни деца се осомничени дека извршиле кривично дело „насилство“ по член 386 од КЗ, односно физички напад врз 13-годишно девојче во населбата Ѓорче Петров.

Претходно, на 29 април, до Обвинителството била поднесена и кривична пријава против четири малолетнички поврзани со истиот случај.

Станува збор за сериозен случај на врсничко насилство кој се случил пред Велигден во парк во Ѓорче Петров, познат како „вовче“. Девојчето најпрво било вербално нападнато, по што следувало и физичко малтретирање од страна на повеќе девојчиња, со кои учеле во исто училиште.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ