вторник, 5 мај 2026

Мицкоски: Отворени сме за дијалог со Бугарија, но не по цена на македонскиот идентитет

Владата нема да отстапи од „црвените линии“ кога станува збор за македонскиот идентитет во односите и преговорите со Бугарија. Идентитетските прашања се темел на државната позиција и нема простор за компромис „ниту милиметар“. Не очекувам промена во ставовите на официјална Софија, дури и по најавите за формирање стабилна влада во земјата, изјави вчера премиерот Христијан Мицкоски.

Објавено на

часот

Сподели

„Ќе сториме сè идеалите на великанот Гоце Делев, неговата борба за самостојна и слободна Македонија да останат вечни. За жал некои членки на ЕУ сè уште не ги почитуваат вредностите за кои тој се борел“, изјави Мицкоски.

Тој не очекува подобрување на односите со источниот сосед по промената на државниот врв, напротив од официјална Софија очекува засилена реторика која има поддршка од внатрешни структури кои, како што вели премиерот, коленичат пред бугарските власти.

Мицкоски додава дека Владата останува отворена за дијалог со Бугарија, но не по цена на македонскиот идентитет.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ