понеделник, 4 мај 2026

Турски театар – Скопје по вторпат дел од фестивалот MИTEM во Будимпешта

Турски театар – Скопје гостува на тринаесеттото издание на фестивалот MИTEM во Будимпешта, со претставата Амадеус во режија на Андреј Цветановски.

Објавено на

часот

Сподели

„Особена чест и гордост е што по вторпат сме дел од MITEM. Оваа покана е потврда за посветената работа на ансамблот и за уметничкиот квалитет што го создаваме. Веруваме дека со Амадеус достојно ја претставуваме нашата институција и
македонската театарска сцена“, изјави Осман Али – директор на Турски Театар – Скопје.

Со ова гостување, додаде, продолжува успешната меѓународна соработка меѓу Турски театар – Скопје и организаторите на MИTEM, отворајќи нови можности за културна размена и афирмација на македонскиот театар на европската сцена.

„Фестивалот MИTEM е значајна европска сцена и ми претставува особена чест што Амадеус е дел од неговата програма. Со ова гостување претставата го започнува своето интернационално патување, а се надевам и на нови покани. Репертоарот на Турски театар – Скопје јасно го потврдува својот современ и амбициозен уметнички правец“, изјави режисерот на претставата Цветановски.

MИTEM важи за еден од најзначајните европски театарски фестивали, на чија сцена низ годините гостувале врвни автори и режисери како Роберт Вилсон, Ејмунтас Некрошјус, Силвиу Пуркарете, Теодорос Терзопулос и Диана Добрева. Ова е второ последователно учество на Турски театар – Скопје на фестивалот, по минатогодишниот настап со Слепци во режија на Кендрим Ријани. По одличниот прием и позитивните критики, театарот повторно доби покана за учество.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ