Како што наведува, се постапува исклучиво во согласност со законите и меѓународните договори.
„Собирањето информации од надлежните судови има цел да обезбеди целосна и точна правна основа за понатамошно постапување. Министерството нема надлежност да ги преиспитува правосилните судски одлуки, туку е должно да постапува по нив. Воедно, нагласуваме дека сите постапки се водат низ институционален процес и во соработка со надлежните органи на Унгарија, без влијание на политички изјави или квалификации“, информираат од министерството и додаваат дека останува посветени на владеењето на правото и почитувањето на правниот поредок.






