понеделник, 4 мај 2026

Голем пожар во Визбегово, горат стари автомобили

Во тек е интервенција за гаснење на пожарот кој денес избувна во Визбегово, на локација кај обиколницата, каде запален е приватен имот каде што биле складирани стари автомобили. Скопската противпожарна бригада е на терен и со сите расположливи возила, опрема и човечки капацитети активно дејствува во справување со пожарот, информираше денеска градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти Ѓорѓиевски, паралелно, на терен се и инспекторите на Град Скопје, а за случајот се информирани Министерството за внатрешни работи, Државниот инспекторат за животна средина, како и Јавното обвинителство.
„Апелираме до граѓаните за смиреност, внимателност и почитување на насоките на надлежните служби. Состојбата се следи внимателно, а институциите постапуваат координирано, со цел пожарот да биде ставен под контрола, да се заштитат граѓаните и да се утврди одговорност за настанатата состојба. Градот Скопје нема да дозволи неодговорното однесување и создавањето диви депонии да го загрозуваат здравјето на граѓаните и животната средина. Секој што го загрозува јавниот интерес, мора да сноси одговорност!“, информираше Ѓорѓиевски.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ