понеделник, 4 мај 2026

Напад во Москва: Дрон погоди луксузна кула во близина на Кремљ (ФОТО+ВИДЕО)

Во напад на украински беспилотни летала во текот на изминатата ноќ погодена е луксузна станбена зграда во западниот дел на Москва, потврдија денеска руските официјални лица и локалните медиуми.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Цел на нападот бил станбен комплекс познат како „кулата Мосфилм“, кој се наоѓа околу седум километри западно од Црвениот плоштад и во непосредна близина на амбасади и зградата на руското Министерство за одбрана.

Според изјавите на сведоците и снимките од социјалните мрежи, дронот бил забележан многу ниско кратко пред експлозијата, која се случила околу еден час по полноќ по локално време.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, потврди дека имало штета на горните катови од зградата, но нагласи дека според првичните информации нема жртви. Собјанин додаде дека единиците за воздушна одбрана собориле уште две летала што се движеле кон руската престолнина во текот на ноќта.

Фотографиите од местото на настанот покажуваат значителна штета на фасадата на кулата, додека остатоците од дронот се пронајдени на улицата пред зградата, каде што веднаш интервенирале службите за итни случаи.

Ова е еден од ретките инциденти во кои, и покрај силниот систем за воздушна одбрана, цивилната инфраструктура беше оштетена во самото урбано јадро на Москва.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ