понеделник, 4 мај 2026

Иран се заканува со напад на американските сили кои ќе се обидат да влезат во Ормускиот теснец

Иранската војска соопшти дека ќе ги нападне сите американски сили што ќе се обидат да влезат во Ормускиот теснец, откако претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, најави почеток на операција за ослободување на бродовите блокирани во Персискиот Залив.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Началникот на иранската централна команда, генерал-мајор Али Абдолахи, изјави за државната телевизија ИРИБ дека теснецот е под целосна контрола на иранските вооружени сили и дека секој премин мора да се координира со Техеран. Тој нагласи дека Иран ќе ја нападне „која било странска вооружена сила“, особено „агресивната американска војска“, доколку се обиде да влезе во овој стратешки воден пат.

Заканата доаѓа кратко по објавата на Доналд Трамп на мрежата Трут соушл дека САД од понеделник ќе почнат да помагаат во извлекувањето на стотици трговски бродови кои се заробени со недели поради конфликтот. Според Меѓународната поморска организација, околу 20.000 морнари се заглавени и им се намалуваат залихите на храна.

Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) потврди дека ќе ја поддржи операцијата со 15.000 војници, повеќе од 100 авиони и воени бродови. Адмиралот Бред Купер изјави дека оваа мисија е клучна за регионалната безбедност и глобалната економија, со оглед на тоа што Иран веќе два месеци го блокира речиси целиот поморски сообраќај, што доведе до драстичен скок на цените на енергијата.

Ситуацијата во Ормускиот теснец дополнително ескалираше откако танкер пријави дека е погоден од ракети, додека Вашингтон одржува поморска блокада на иранските пристаништа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ