понеделник, 4 мај 2026

Чупиќ верува во сензација против Монпелје

Вардар утре го игра реваншот против Монпелје, црвено-црните првиот натпревар го загубија со десет голови разлика, беше 23-33.

Објавено на

часот

Сподели

Но, и покрај огромната негатива, тренерот на Вардар, Иван Чупиќ верува дека може да се случи чудо.

„Имавме добри и лоши моменти, првото полувреме бевме подисциплинирани и првпат сезонава игравме на резултатот. Вториот дел лошо го отворивме и целиот меч се сврти. Сега се подготвуваме и сакам сите да веруваат бидејќи во оваа сала е тешко да се игра и секој кој доаѓа има почит кон нас. Мораме да се прикажеме во подобро светло и веруваме дека можеме да ги стигнеме десет разлика. Може ќе ми кажете дека сум будала, но никој не може да ни забрани да веруваме“, изјави Чупиќ.

Тренерот на Вардар кажа дека Малус и Хориха почнале да тренираат, но неизвесно е дали и колку ќе играат.

Натпреварот меѓу Вардар и Монпелје се игра утре (вторник) од 20:45 часот во СЦ „Јане Сандански“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ