понеделник, 4 мај 2026

Патници повредени во автобус во Свети Николе

Во ОВР Свети Николе е пријавено дека на 3 мај, околу 9:30 часот на ул.„Филип Втори“ во Свети Николе, во автобус „мерцедес“ биле повредени двајца патници.

Објавено на

часот

Сподели

Автобусот со велешки регистарски ознаки, управуван од Д.С.(40) од Велес, кој превезувал околу 20 патници, поминал преку испакнат дел од патот, при што двајца од патниците паднале во автобусот и се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани Општа болница Велес. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Свети Николе.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ