вторник, 5 мај 2026

Само спортско чудо може да го однесе Вардар до завршниот турнир во Лигата на Европа

Вардар вечерва го пречекува Монпелје во реваншот од четвртфиналето на ЕХФ Европска лига, со тешка задача да ја надомести негативата од првиот меч од 33-23.

Објавено на

часот

Сподели

И покрај високата предност на Французите, во таборот на „црвено-црните“ веруваат дека ништо не е завршено и најавуваат максимална борба пред својата публика во СЦ „Јане Сандански“.

Тренерот Иван Чупиќ потенцира дека ќе биде потребен перфектен натпревар за да се стигне до подвиг, а во тимот се враќаат и Јака Малус и Дмитро Хориха, иако нивната минутажа е неизвесна поради повреди.

Вардар ќе се надева и на силна поддршка од трибините и атмосфера каква што знае да направи навивачката група „Комити“, во обид да се стигне до чудо и нов европски подвиг.

Натпреварот во Скопје започнува од 20:45 часот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ