вторник, 5 мај 2026

Извозот во првиот квартал со пораст од 3,6 проценти

Вкупната вредност на извозот на стоки од државава во првиот квартал годинава изнесува 1.998,3 милиони евра и бележи пораст од 3,6 проценти во однос на  првиот квартал од претходната година. Вредноста на увезената стока, пак, во периодот јануари – март годинава, изнесува 2.788,3 милиони евра, за 0.5  проценти повеќе во однос на истиот перод лани, покажуваат денеска објавените податоци на Државниот завод за статистика.

Објавено на

часот

Сподели

Во периодот јануари – март годинава според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу сме тргувале со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија, кои учествуваат со 49,8  проценти во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 58,6 проценти во вкупната размена.

Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821,1 и други катализатори на носачи.

Во увозот најмногу се застапени: платината и легурите на платина, необработени или во прав, другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови) и други моторни возила за превоз на лица.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ