По денешното гласање тој рече дека според информациите, за жал, апаратите за отпечатоци од прсти не работат како што треба, па требало да се преземат мерки порано, од страна на ДИК апаратите да бидат добро тестирани. Но, вели тој, во секој случај постојат и други можности.
Села ги повика граѓаните да гласаат што е можно помасовно, бидејќи демократијата има повеќе смисла, поголем да биде процентот на луѓе што излегуваат да гласаат. „Скептиците кои седат дома ќе треба да знаат дека разочарувањето што го имаат со тоа што остануваат дома може само да го продлабочат. Треба да излезат и да гласаат што е можно помасовно. Очекуваме победа на опозицијата и отворање на ново поглавје за управување со локалната власт, што ќе биде управување без корупција, менаџмент што ќе го зачува јавниот имот недопрен и свет, и управување што ќе го направи животот подобар за живеење овде во Северна Македонија“, изјави Села.






