понеделник, 4 мај 2026

СДСМ со водство во Карпош и Центар, ВМРО-ДПМНЕ води во Кисела Вода и Гази Баба

Објавено на

часот

Сподели

Во Кисела Вода во водство е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓоѓиевски со 60,29 проценти пред актуелниот градоначалник и кандидат на СДСМ, Филип Темелковски кој има 25 проценти од гласовите.

Во Гази Баба во водство е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Бобан Стефковски со 77,92% пред Борис Георгиевски кој има 14,79 проценти.

Во општина Центар, кандидатот на СДСМ, Горан Герасимовски засега има 46,14% од гласовите, а кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Наташа Котлар-Трајкова е втора со 29,67% од гласовите.

Во Сарај во водство е Блерим Беџети од ДУИ со 66,91%, а втор е Керим Мамути од Алијанса за Албанците/Алтернатива со 19,08 проценти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ