Освен изборот на претседател, како што најави генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски, Конгресот ќе донесе политички документ, доктрина која ќе биде платформа за идните делувања на ВМРО-ДПМНЕ. По изборот на претседател, ќе се избере и статутарна комисија и комисија за надзор и финансиско работење на ВМРО-ДПМНЕ.
„По овој конгрес ќе излезе уште пообединети, уште посилни и ќе донесеме нови победи на ВМРО-ДПМНЕ и на Македонија. Изминатиот период државата е во тешка економска, социјална, здравствена и енергетска криза на штета на граѓаните и нема никаква одговорност. Ние ветуваме дека ќе донесеме одговорност и ќе ја направиме Македонија подобро место на живеење“, рече Сајковски во изјава за медиумите.
Во доктрината, како што кажа, има 16 теми, а ги спомена образованието и енергетиката.






