четврток, 7 мај 2026

Проширувањето на ЕУ да биде врз вредности и принципи, а не на основа „кој е посилен“, вели Маричиќ

Објавено на

часот

Сподели

„Ние навистина направивме сѐ и покажавме искрена желба за решавање на отворените прашања, водејќи се од европските вредности. Затоа верувам дека проблемот со Бугарија може да се реши низ директен дијалог. Но, она што за нас е важно е тој дијалог да се темели на европски вредности и принципи, а не на основа ‘кој е посилен‘ или пак кој е член на Унијата, а кој не е”, изјавил Маричиќ.

Во интервјуто тој додава дека за него прашањето со Бугарија не е само билатерален спор, туку и ситуација за која во иднина Европската Унија треба да дефинира што може држава членка на Унијата да бара од држава кандидат.

„Ние сме подготвени за дијалог и веќе разговараме за отворените прашања, но, исто така сме подготвени тие отворени прашања да ги третираме и во текот на преговорите со ЕУ. Но, во никој случај не сме спремни да се откажеме од македонскиот јазик и од нашиот идентитет“, вели Маричиќ.

Според него, македонската Влада покажала дека е составена од прогресивни сили кои навистина веруваат во политиките на ЕУ и нејзините вредности, кои очекуваат Унијата, нејзините институции и земјите членки да дадат свој придонес и заложба за нашата евроинтеграција.  

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ