„Процесот на трансформирање на Скопје во зелен хуман град е започнат, ние сме присутни и во институциите и надвор од нив и ние ќе влијаеме уште порешително на сите процеси Скопје да стане зелен и хуман град”, рече Петровска.
На новинарското прашање дали може да соопшти конкретни резултати, Петровска рече дека е премногу е рано.
„Имаме убави резултати за наша застапеност, во смисла на процент на освоени гласови, што ќе значи голем број на советници во Град Скопје, но сепак да ги почекаме официјалните резултати”, рече Петровска.
Драгана Велковска, носителка на листата на Зелен хуман град за Град Скопје информира за нерегуларностите кои тие ги забележале.
Според Велковска, нерегуларностите можат да влијаат на резултатите од изборите и оцени дека изборите се спроведени, како што рече, дилетантски и дека ќе се работи и на поднесување на соодветни кривични пријави.






