недела, 3 мај 2026

Пендаровски во Малме се сретна со Македонци во првата македонска црковна општина во Европа

Објавено на

часот

Сподели

Во разговор со свештеникот Кожарски, претседателот Пендаровски беше информиран за начинот на организирање и функционирање на црковната општина, којашто е прва во Европа, формирана во 1973 година, како и за тековните активности и соработката со шведските институции во насока на афирмирање на Македонската Православна Црква, информира кабинетот на шефот на државата.

Во соопштението се нагласува дека претставниците на македонските друштва од Малме ги споделија со претседателот Пендаровски актуелните иницијативи за унапредување на дејноста на македонската заедница, како и за промовирање на нашата култура и традиција во Шведска. Во тој контекст беше нагласена важноста од континуирано негување на врските со нивната матична држава.

Изразувајќи задоволство од долгогодишното успешно дејствување на нашата заедница во Шведска, претседателот Пендаровски истакна дека се повеќе се вреднува нејзината улога како активен чинител во севкупните општествено-политички и економски процеси во нашата држава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ