сабота, 2 мај 2026

Пендаровски и лидерите од регионот во Њујорк вечераа со Борел и разговараа за пристапувањето во ЕУ

Објавено на

часот

Сподели

„Ова беше можност да се разговара за очекувањата во врска со пристапувањето во ЕУ. Високиот претставник ја истакна потребата од силна посветеност од двата партнери, и од Западен Балкан и од Европската унија, и нејзините земји-членки во надминување на сегашната динамика и придвижување на процесот напред“, соопшти денеска Канцеларијата за надворешни работи (ЕЕАС).

На синоќешната средба присуствуваа претседателите на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, на Македонија, Стево Пендаровски, и на Косово, Вјоса Османи, претседателот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељко Комшиќ, премиерот на Албанија, Еди Рама, и министерот за надворешни работи на Србија, Никола Селаковиќ.

Инаку, како што се додава во соопштението, тоа беше втора средба со лидерите на Западен Балкан, организирана од високиот претставник, по неформалната вечера во Брисел во мај.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ