понеделник, 4 мај 2026

Османи: Зелената агенда е најкреативната понуда за изборите

Објавено на

часот

Сподели

„Имавме фер кампања во која навистина сите чинители имаа можност да им се престават на граѓаните под еднакви услови. Тоа е важна демократска придобивка, која соодветствува со демократската зрелост на една земја – членка на НАТО и кандидат за членство во ЕУ. Што се однесува до нас, за ДУИ, без сомнение ова беше најубавата кампања што досега сме ја имале во секоја смисла: Прво имавме исклучително позитивна кампања и тоа се почувствува низ големиот број средби со граѓаните. Тие се интересираа за проектите, предлагаа и свои проекти, и што е најважно – ја прифатија зелената агенда, како најважен приоритет за развојот на нивната непосредна средина, за уредувањето на нивните маала, за пошироките заедници и општини. Одржавме околу 20 централни митинзи во сите поголеми центри на Албанците, од Липково и Сарај, преку Чаир, Тетово и Гостивар, сѐ до Кичево, Дебар и Струга. Остваривме стотици посети буквално на сите населени места, одејќи по маалата и населбите, тропнувајќи на секоја врата, остварувајќи при тоа директни средби со десетици и десетици илјади граѓани”, кажа Османи.

Тој со спортски речник оцени дека во првото полувреме победи ДУИ.

„Со позитивна енергија, преку наметнувањето на зелената агенда како најважен дискурс на оваа кампања, успеавме да се спротивставиме и на нападите од страна на политичките конкуренти и на нивниот нефер и непринципиелен однос, и на нивната непринципиелна коалиција во која веќе и самите не веруваат. Кампањата завршува, им честитаме на граѓаните за достоинството и за покажаната демократска зрелост”, потенцира Османи.

Тој испрати апел до граѓаните во недела, на 17 октомври граѓаните да излезат и  слободно на демократски начин да гласаат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ