четврток, 7 мај 2026

Османи: Ако Бугарија го крене ветото, Првата меѓувладина конференција може да се одржи и на 31 декември

Објавено на

часот

Сподели

„Сите се свесни колку е важен 14 декември, но не само 14-ти, бидејќи и до 31 декември, доколку добие сигнал од Бугарија дека го крева ветото дури и на 30 декември словенечкиот министер за надворешни работи може да свика онлајн состанок на министрите и да се одобри и истиот ден да се одржи меѓувладината конференција. Важно е да ги држиме роковите кратки. Мојот страв е дека доколку овој спор премине во замрзнат конфликт, Република Северна Македонија ќе стане изолирана во европските перспективи“, изјави Османи за ТВ Сител.

Според Османи, формирањето на новата влада во Бугарија дава надеж суштински да се разговара меѓу „две стабилни влади“. Тој, исто така додаде дека постои француска проактивност во изнаоѓање решение на овој спор.

„Се гледа една зголемена проактивност. Во услови кога Германија цел период беше на прва линија за да се деблокира процесот, сега ја имаме и Франција повеќе од кога било“, рече Османи.

Тој предупреди дека мора да се внимава на ризикот – изолирање на земјата и влегување во замрзнат конфликт, но и зачувување на суштинските интереси на граѓаните. Двете прашања, како што вели, се важним но и во двете има ризик.

„Мора да држиме баланс меѓу интересите по однос на идентитетските прашања и потребата државата да не се изолира“, рече Османи.

Во однос на прашањето за говорот на омраза кое Бугарија бара да влезе во преговарачката рамка, Османи вели дека им ветиле дека двете држави ќе утврдат институции кои ќе го следат говорот на омраза, како и механизми за брза реакција за да можат да се преземат мерки за тој говор на омраза. Тоа, според него, значи, доколку некој наш граѓанин крши споменик кој е важен за Бугарија или обратно, да има одредена институција која ќе има надлежност веднаш да реагира.

За работата на историската комисија, пак, кажа дека Бугарија барала поголема предвидливост во нивната работа, односно да не се стопира работата на Комисијата. „Ние немаме против тоа ништо да има поголема предвидливост. Јас сметам дека треба малку посуштински да го разгледаме пристапот кој го има овој процес“, рече Османи.

Тој додаде дека малку е веројатно оти Комисијата може да постигне договор или да се усогласи по сите прашања. Затоа, како што нагласи, треба да се остави можноста да кохабитираат различни видувања или интерпретации по однос на одредени случувања, личности, настани и историски периоди.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ