За лажниот профил кој зема лични податоци од граѓаните, запознаена е и самата Ѓоргиевска, како и Кабинетот на претседателот.
Од Кабинетот на претседателот за некои медиуми потврдиле дека знаат за случајот и се постапувало по истиот.
Ѓоргиевска, пак се огласи и преку Фејсбук.
„Почитувани пријатели, многумина од вас ми пишаа за лажен профил направен со мое име. Пријавен е во Фејсбук и во МВР, но би ве замолила за побрза реакција од Фејсбук, да има што повеќе пријавувања. Ви благодарам“, напиша таа на својот профил.






