понеделник, 4 мај 2026

Николовски: Кочи Мицко, секогаш има втор круг

Објавено на

часот

Сподели

Како општини во кои СДСМ победува или води Николовски, освен Скопје, ги наведе Струмица, Крива Паланка, Делчево, Крушево, Ресен, Дојран, Валандово, Богданци, Берово, Карпош, Центар, Пробиштип, Шуто Оризари, Пехчево, Маврово, Демир Хисар, Чашка, Росоман, Ново Село, Лозово.

Според него, во Битола се оди во втор круг, во прилеп победи ВМРО-ДПМНЕ, но има повеќе општини во кои СДСМ води пред ВМРО-ДПМНЕ и ги спомена Куманово, Долнени, Дебарца, Струга, Дебар…

Николовски уште кажа дека ВМРО-ДПМНЕ создава лажна ефорија.

„Ова не е арена за навивање, туку натпревар за да се обезбеди подобар живот за граѓаните. Затоа кочи Мицко, секогаш има и втор круг. СДСМ и најголемата коалиција ќе ги добијат овие избори“, порача Николовски.

Тој уште додаде дека прогресот ќе доминира во најголем дел од општините.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ