понеделник, 4 мај 2026

Ние ја немаме полицијата на Спасовски, ни обвинителството на Русковска, но го имаме народот, порача Мицкоски

Објавено на

часот

Сподели

Тој додаде „поткупот кој го прават, а при што се нудат стотици евра за еден единствен глас, тоа што во Битола во игра се црни вреќи, во Велес се лицитира со бројки денес видовме слично е и во Прилеп, тоа што Заев ќе делел државна помош на одбрани фирми од буџетот на народот, тоа се потези на очајник кој се дави во сопствената кал”.

„Ние во наши раце ја немаме полицијата на Спасовски, ниту обвинителството на Русковска, но затоа на наша страна го имаме народот, а поткупот ако е болеста на оваа криминална власт, лекот е масовен одзив во Недела. Уште во раните утрински часови да се излезе масовно, без запирање и да се даде поддршка на промените кои мора да се случат за да падне оваа власт“, рече Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ