Се предвидува и фонд за самохрани родители. Ќе се направи мапирање на самохраните родители и семејства со еден родител на територијата од Општина Центар.
„Со тоа ќе се овозможи пристап до информации, давање помош при обезбедување на правата на самохраните родители и семејствата со еден родител во сите сегменти на животот, нивна инклузија, како и подигнување на јавната свест и одговорност за оваа категорија граѓани“, се наведува во соопштението.
Дваесет стипендии за најдобрите студенти од општина Центар е уште еден проект од програмата на Котлар.
„Со овој проект сакаме да го поттикнеме засилувањето на свеста на граѓаните на локално ниво за значењето на образованието. Сметаме дека на овој начин дополнително ќе ги стимулираме младите луѓе да се вклучат во пазарот на трудот, како и да бидат професионалци во нивната работа“, вели Котлар.






