понеделник, 4 мај 2026

Надминување на спорот со Бугарија, најавува Османи

Објавено на

часот

Сподели

Шефот на дипломатијата Бујар Османи во внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав гледа можност за надминување на спорот со Софија. Амбасадорката на САД, Брнз се надева на скоро решение.

Додава дека сите отворени прашања со Бугарија можат да се решат, но камен на сопнување во моментов е ќорсокакот во работата на мешовитата комисија за историски прашања.

Министерот Османи во своето обраќање ги истакна современите глобални предизвици како климатските промени, хибридните и саjбер закани, миграциските кризи, при што ја нагласи потребата од партнерски пристап и меѓусебна соработка на Македонија со Европската унија и другите земји од нашето регионално опкружување, во насока на нивно надминување и креирање на посилна Европа.

Воедно, ги истaкна чекорите преземени од страна на нашиот регион во насока на доближување кон Европската унија, преку формирање заеднички регионален пазар и направениот исчекор кон зелена и дигитална трансформација, што од своја страна придонесува за одржливиот развој на самата ЕУ.

„Економскиот и инвестицискиот план за Западен Балкан оди рака под рака со кредибилната политика на проширување на ЕУ. Доколку нема напредок во однос на досието на Македонија оваа зима, тоа негативно ќе се одрази врз кредибилноста на ЕУ. Најевтината инвестиција за заживување на европската перспектива е преку преземање конкретни чекори кон секоја од земјите во регионот“, истакна Османи. 

Министерот Османи се осврна и на членството на Македонија во НАТО, оценувајќи го како успешен и заемно корисен пример за безбедноста на земјава и Алијансата. Земјаќи ги предвид бенефициите и постигнувањата од нашето присоединување кон НАТО, упати порака дека не постои дилема дека прогресот на нашиот пат кон ЕУ ќе биде од заемна корист за земјава, регионот и за Унијата како целина.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ