вторник, 5 мај 2026

Мицкоски повика на гласање, црната кампања е очајот на СДСМ, нема да има политички реваншизам

Објавено на

часот

Сподели

„Ова не е негативна кампања, ова е црна кампања, ова го прават луѓе во очај, луѓе кои знаат дека ги губат изборите и на тој начин мислат дека ќе ги демотивираат луѓето да излезат и да биде победата на независната кандидатка Данела Арсовска поголема“, вели Мицкоски.

Мицкоски посочи дека е уверен дека скопјани во недела масовно ќе излезат и ќе ја дадат поддршката за независната кандидатка Данела Арсовска и повика тоа да го направат за надеж и нова иднина. Тој рече дека секој оној кој работел според закон не треба да се грижи, бидејќи нема да има политички реваншизам. Но, посочи тој, загрижени треба да бидат криминалците.

„Јас не сум ниту обвинител ниту судија, си има органи на прогон во државата, има обвинителство, судови, обвинителите нека обвинуваат по закон, судиите нека судат по закон. Она што можат градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ е да го достават тој материјал до организираниот криминал, до Обвинителството, антикорупциска, тоа се институциите кои можат да поставуваат, а јас ги охрабрувам да постапуваат по закон и да не бидат слуги на Заев, да не бидат слуги на СДСМ затоа што на тој начин си прават штета самите на себе а и на народот, бидејќи го демотивираат, обесхрабруваат дека може да имаме правна држава. Затоа, ако не постапат според закон, ќе бидеме таму каде што сме, а тоа е најкриминална и најкорумпирана држава“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека секој оној кој чесно работел, кој работел според процедурата и закон, не треба да се плаши, неговото работно место е безбедно – тој со својата плата обезбедувал егзистенција за своето семејство и своите деца. „Но, секој оној кој не работел според закон треба навистина да биде загрижен, затоа што неговата основна битка на овие избори е конечно после 30 години криминализирање на општеството, да биде ослободено и дa се работи според закон, чесно и исполнително“, рече Мицкоски и додаде дека новите градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ ќе работат чесно, одговорно и според закон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ