вторник, 5 мај 2026

Вулкан еруптираше на Филипините (ВИДЕО)

Вулкан во централниот дел на Филипините еруптираше рано утрово, исфрлајќи облак од пепел на околу 800 метри во воздух, што ги натера властите да го задржат сегашното ниво на тревога, јавува Анадолу.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Според Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија (Фиволкс), ерупцијата на вулканот Канлаон се случила кратко по зората, при што пепелта се ширела кон запад. Второто ниво на тревога останува на сила, што укажува на зголемена вулканска активност, објави локалниот медиум Инкуајерар.

Во последните 24 часа се регистрирани неколку емисии на пепел и вулкански земјотреси, со покачени нивоа на сулфур диоксид и континуирано издигнување на земјата.

Властите ги предупредија граѓаните да останат надвор од зоната на постојана опасност во радиус од четири километри поради ризикот од ненадејни ерупции.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ