понеделник, 4 мај 2026

Мециновиќ: Од утре нема да биде ништо исто, „гарнитурата“ е во слободен пад

Објавено на

часот

Сподели

Во Прилеп беше нападната новинарска екипа која известувала за кршење на изборен молк, според нас, од претставници на власта, рече Мециновиќ

Тој рече дека во Општибнската изборна комисија – Штип имало редица гласачи кои ги немало во Избирачкиот список и кои чекале решение, но дека решенијата кои ги добиле се однесуваат на гласање само за вториот круг.

Во општината Аеродром на избирачките места 2708 и 2079 недостасувале гласачи. На едно избирачко место во Карпош им било дозволено да гласаат на три лица кои повеќе од запишаноите на една адреса фигурирале со документите. На едно место во Гевгелија имало истуткано едно ливче, па и тоа било искористено. Бројот на ливчиња не се совпаѓал со бројот на ливчиња за избор на градоначалник и тоа било пријавено. На едно место во Карпош гласачките кутии не биле пломбирани, наброја Мециновиќ.

Тој даде и пример, како што рече, за „бугарски воз” на избирачкото место број 2780 во Драчево, што било спречено од претставник на Левица.

„Гласач подигнал четири избирачки ливчиња, а во гласачката кутија ставил три ливчиња. Гласањето било прекинато во 12.30 часот и до 15 часот не било продолжено. На едно место во Куманово гласач бил вратен затоа што на негово место веќе бил оставен отпечаток од прст во избирачкиот список. Во Драчево е спречен обид за гласање без лична карта. Во Ѓорче Петров гласач го фотографирал своето ливче”, изјави Мециновиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ