
Во текот на преговорите, инаку четврти по ред, како што објави БГНЕС, ќе се разгледува таканаречениот Протокол 5+1, којшто го објави бугарскиот претседател Румен Радев во Словенија.
Во случај да биде постигната согласност, Протоколот ќе биде претставен во бугарскиот Министерски совет и ќе биде потпишан од двајцата министри за надворешни работи.
Исто така, се очекува и седница на Заедничката историска комисија по локалните избори во земјава.






