понеделник, 4 мај 2026

Магарешка фарма гласачко место во Нов Истевник

Објавено на

часот

Сподели

Репортажното јавување на новинар на Канал 5 од ова место беше лоцирано на неколку чекори пред некогашното основно училиште во селото, во кое се одвива гласањето. Објектот одамна не е училиште, уште од 1995 година, зашто снемало доволно деца од прво до четврто одделение. Еден од жителите го купил објектот и го претворил во фарма за магариња. Сега низ прозорците не се гледаат училишни клупи и детски лица, туку стогови сено кое зимава вредно ќе го јадат магарињата.

Инаку, станува збор за избирачкото место број 0593. Се гласа во една од просториите во која некогаш седеле наставниците. Тука биле донесени уредите за биометриска идентификација на гласачите, но избирачкиот одбор заклучил дека практично не ги читаат отпечатоците на прстите на соселаните, ниту десниот, ниту левиот прст, бидејќи деновиве тие интензивно собираат ореви и прстите им се бојосани од овој плод. 

Велат дека никој досега не правел проблем затоа што се гласа во магарешка фарма, проблем немало ниту од ОБСЕ.

Инаку, селото Нов Истевник за јавноста стана познато во времето на летните катастрофални пожари кога огнот беше стигнат до првите куќи од селото, а пожарникарите, заедно со австриските и словенечките колеги, со денови се бореа да го спасат ова мало населено мест.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ