понеделник, 4 мај 2026

Левица е задоволна, влегуваме во советите во Скопје и во други градови, вели Мециновиќ

Објавено на

часот

Сподели

„Во Скопје Левица добро стои. Во Аеродром на секое избирачко место имаме меѓу 50 и 120 гласа што значи дека на општинско ниво се движиме над 12 проценти, во Кисела Вода сме подобри од СДСМ на многу избирачки место, во Ѓорче Петров сме подобри во неколку места, во Центар Бележиме 60 проценти раст во однос на претходните избори и имаме сигурни четири советници. Во Карпош имаме тројца сигурни советници и можеби уште еден. Во Гази Баба имаме еден сигурен советник”, рече Мециновиќ.

Тој додаде дека на ниво на Град Скопје Левица има над 10 проценти од гласовите.

Мециновиќ нагласи дека Левица има тројца сигурни советници и во Советот на Општина Велес.

На новинарско прашање дали Левица доби некаде градоначалник, рече дека нема да избрзуваат со соопштување на резултати во таа категорија од изборите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ