понеделник, 4 мај 2026

Лефков: Со уште поголема излезност во вториот круг да ја победиме хунтата на Заев

Објавено на

часот

Сподели

„Она што досега го видовме е енергијата која ја видовме од граќаните. Видовме граѓани кои дадоа поддршка и кои кажаа дека сакаат промени. Се надеваме дека ќе има промени и дека конечно, со уште поголема излезност во вториот круг конечно ќе се ослободиме од хунтата на Заев.

Лефков зборуваше за тоа дека во текот на вчерашниот и завчерашниот ден забележаа кршење на изборниот молк, заплашувања, притисоци и уцени од страна на носители на јавни функции, поедини министри, злоупотреба на државни ресурси за партиски цели, отворени сомневања за поткуп во Прилеп, Велес, Битола, Делчево, Демир Капија, Неготино, Охрид, во делови на Скопје, брутален физички инцидент на напад врз новинар и медиумски работници во Прилеп, бугарски воз, полнење на кутии во Сарај… Демократијата во Македонија ја загрозува Зоран Заев, неговата лакомост по пари и фотелја, ништо повеќе од тоа, рече Лефков.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ