сабота, 2 мај 2026

Кривичниот суд изработи 3.500 уверенија и потврди за кандидатите за градоначалници и советници

Објавено на

часот

Сподели

Од Судот велат дека согласно чл. 67 ст. 3 во врска со чл. 7 ст. 3 од Изборниот законик сите Oпштински комисии електронски ги доставиле личните податоци на кандидатите, а во рок од 24 часа судот ги извршил соодветните проверки, ги изработил уверенијата и потврдите и електронски ги доставил решенијата до комисиите.

„Во однос на критиките на одредени политички субјекти објавени на социјалните мрежи, ја информираме јавноста дека одделот за Казнена евиденција во судот постапуваше по сите барања по завршување на работното време како и во текот на викендите, пред сѐ затоа што голем дел од кандидатите и општинските изборни единици ги доставуваа барањата по истек на рокот од 11 септември 2021 година за пријавување на кандидати“, наведуваат од Судот.

Исто така, како што додаваат оттаму, Судот за овој период доследно ги почитуваше и роковите за прием, проверка и изработка на уверенија и потврди на сите граѓани чии барања не беа поврзани со изборите.

„Во тој правец, а воедно и согласно протоколите за заштита од ковид-19, како суд, уште еднаш апелираме за потребата од воведување на електронско аплицирање и издавање на уверенијата и потврдите“, пишува во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ