четврток, 7 мај 2026

Ковачевски: Поголема инклузивност на членовите на партијата и одговорност на раководството

Објавено на

часот

Сподели

„Функционирањето на месните одбори комплетно ќе се ревидира при што основите за функционалноста на партијата мора да започнуваат токму од овие локални, но суштински јадра на партијата. Нашите членови ќе мора да нè евалуираат нас раководството и ние да постапуваме“, изјави Ковачевски.

Тој вели дека како дел од својата програма предвидува и ревидирање на партиските комисии. Според него, токму комисиите се клучни да се активираат како тела во креирањето и евалуирањето на политиките на партијата. Тој додава дека позицијата на партијата мора да се зацврсти до таква мерка да СДСМ претставува столб во креирањето на политиките на државата.

Димитар Ковачевски ја поднесе својата кандидатура за иден претседател на Социјалдемократскиот сојуз преку својата програма насловена како „Заедно, одговорно и посветено“ којашто се темели на три столба: Социјалдемократска визија, економски раст и фер шасна и јасен систем со одговорности.

Ковачевски периодот ја претставува својата програма пред раководствата на општинските организации, форумите на жени, членовите на Централниот одбор и пратениците од сите скопски општини.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ