понеделник, 4 мај 2026

Кога ќе се „укочи“ апаратот за отпечаток: Кој го измисли ова, што попрво да гледам?

Објавено на

часот

Сподели

Ова е ситуација на избирачко место во скопски Аеродром.

Токму кога ќе дојдете на ред за гласање, од просторијата ви велат „останете надвор“.

Избирачки одбор (ИО): Се „укочи“ апаратот.

Граѓани: И сега?

ИО: Мора да се ресетира. Не влегувајте.

ИО: Кој го измисли ова (апаратот за земање отпечаток), дали него да го гледам, дали пораките на мобилен или оние (гласачите) пред врата?

ИО: Еве ѕвонам, се вклучува мејли (веројатно кај техничките лица задолжени за апаратите).

ИО: Ќутете, еве ѕвони.

ИО: Се укочи апаратов. Се појави извичник, црвен.

ИО: Да го исклучам принтерот? Добро.

ИО: Пак е црвено.

ИО: Уште е црвено (по добиени инструкции од другата страна на линијата).

ИО: Сега да ресетирам? Добро.

ИО: Бек, бек, бек. Уште бек? (Back – назад)

ИО: А еве се појави зелено.

ИО: Сега да го уклучам принтерот, така?

И така 10-15 минути. Пред гласачкото место веќе се создава поголема редица. Дел од гласачите исто така нервозни: Што е ова? До кога ќе се чека? Кој го измисли ова…

И, ако немате среќа, апаратот нема ви го препознае прстот. Еден, два, три…пет обиди со показалецот на двете раце. И на крајот завршувате со отпечаток во мастило.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ