сабота, 2 мај 2026

Имот вреден 30 илјади евра без доказ за потеклото ќе биде конфискуван

Објавено на

часот

Сподели

Николовски вели дека искуството покажа дека функционерите незаконски стекнатиот имот го препишуваат на други лица, а по завршувањето на функцијата си го враќаат на свое име, па затоа се поставени и временски одредници во драфт верзијата на законот.

„Овој закон преку граѓанска постапка за конфискација, која ја воведуваме, ќе важи за сите лица кои нема да можат во одреден законски период да го докажат потеклото на имотот. Значи ќе важи за сите лица, не само за функционерите. Постапката ќе биде граѓанска, брза, а не кривична и ќе има соодветен праг кој моментално во драфт верзијата е поставен на 30 илјади евра“, рече Николовски во обраќањето на конференцијата што ја организираше УНДП и Министерството за финансии на тема детектирање и намалување на сивата економија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ