сабота, 2 мај 2026

Гутереш ја назначи Владанка Андреева од Македонија за координатор на ОН во Азербејџан

Објавено на

часот

Сподели

Андреева има 21-годишно искуство во меѓународен развој, хуманитарна координација, застапување и градење партнерства, што ги има стекнато во рамките на Обединетите нации и на повеќе задачи низ Европа и Азија.

Во Обединетите нации, последната функција што ја извршувала е директор за Заедничката програма на Обединетите нации за ХИВ/СИДА (УНАИДС) во Камбоџа, била советник за стратешка интервенција на регионалната канцеларија на УНАИДС за Азија-Пацифик, а со тим на УНАИДС била во Виетнам.

Андреева исто така работела и во Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) како советник за политика за Европа и Заедницата на независни држави, а била и советник  на постојаниот координатор на ОН во Македонија. Според она што е објавено, на оваа позиција дошла по претходна работа во Светската здравствена организација (СЗО) и Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни работи (ОЦХА), исто така во Македонија.

Пред ангажманот во ОН, Андреева работела во непрофитната организација Фармацевти без граници и ја координирала хуманитарната помош за бегалци.

Андреева е дипломиран стоматолог и магистер по јавно здравје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ