„Данела Арсовска вод и во многу населби во Скопје во кои живеат Албанци, Бошњаци или Турци, битката за првото место во Скопје ќе продолжи во вториот круг зашто имаше многу кандидати“, рече Ѓорчев.
„Имаме огромно водство во Кисела Вода и во Аеродром, а веројатно, покрај во овие општини, ќе имаме победа во првиот круг и во Гази Баба”, рече Ѓорчев и оцени дека во водство партијата е и во Карпош.
Ѓорчев рече дека дека во три општини од струмичкиот регион се во водство, покрај во Босилово, каде имаат победа во првиот круг, дека водат во Василево и Ново Село и напомена дека не се знае се уште каде од овие две општини ќе имаат градоначалник веднаш во првиот круг.
„И покрај сите притисоци и покрај случувањата со РЕК Битола, победивме во Новаци. Таа победа многу ни значи, зашто состојбите со енергетиката се катастрофални. Итно е потребна нова влада, зашто со овие неранимајковци земјата не може да оди напред“.
Според него, кандидатот на СДСМ во Куманово е поразен и дека тоа значи и пораз на министерот Оливер Спасовски кој, нагласи, многу се заложи за изборна победа на СДСМ во Куманово.






