понеделник, 4 мај 2026

Димитриевски и Илиевски за Куманово ќе бијат нова битка

Објавено на

часот

Сподели

„Ние ја добивме најголемата поддршка од граѓаните на Куманово без разлика на нивната партиска припадност. Нашиот концепт е од граѓаните за граѓаните. Нашата цел е да ја добиеме поддршката, да бидеме легитимни претставници на сите граѓани на нашиот град. Секоја политичка поддршка е добредојдена, а оттука па натаму граѓаните се тие кои одлучуваат. Во вториот круг граѓанскиот концепт ‘За наше Куманово’ ќе победи убедливо за Куманово и кумановци. Ќе ставиме крај на многу лоши навики во нашиот град и нашето општество. Македонија има право и мора да се менува. Куманово го следи трендот и секогаш бил предвесник на големи промени“, рече Димитриевски.

Тој објави дека и независната советничка група има предност во останатите советнички групи.

Кандидатот за градоначалник од СДСМ, Оливер Илиевски во изјавата дадена за медиумите рече, дека од обработените 97 проценти влегува во вториот круг од изборите.

„Заедно со Максим Димитриевски одиме во втор круг. Имаме изедначен број гласови со тоа што се обработени 97-8 проценти од бројот на гласовите, се менуваат бројките 30, 40 за едниот, другиот така што во вториот круг одиме со изедначен резултат, рече Илиевски.

Тој очекува победа во вториот круг. Одговарајќи на новинарски прашања дали е изенадувачки резултатот, Илиевски кажа дека не во голема мера.

„Дел од гласовите на ВМРО ДПМНЕ отидоа кај Димитриевски, така што мислиме дека на толкав број на гласови ќе остане и во вториот круг“, изјави Илиевски.

Ваквиот исход го потврди и шефот на централниот изборен штаб на СДСМ Љупчо Николовски кој рече дека во мултиетничко Куманово, како Македонија во мало, левите сили се во водство, а дека ВМРО-ДПМНЕ е поразена.

Од општинскиот штаб на ВМРО ДПМНЕ пак, изјавија дека се пребројуваат гласовите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ