понеделник, 4 мај 2026

ДИК: Во Советот на Скопје ВМРО-ДПМНЕ со 17 советници, СДСМ – 12, ДУИ – 6, Левица – 4, ДОМ-ЛДП, ААА и ЗХГ по 2 советника

Објавено на

часот

Сподели

Даштевски информира дека советничката листа на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ за Град Скопје освоила  78.538 гласови, коалицијата на СДСМ добила 52.431 гласови од граѓаните, за листата на ДУИ гласале 26.338 избирачи, за Левица гласот го дале 20.070  гласачи, за коалицијата ЛДП-ДОМ гласале 9.152 избирачи, за коалицијата Алијанса за Албанците гласале 11.447 граѓани, додека за независната листа на група избирачи предводена од Драгана Велковска (Зелен хуман град) гласале 9.062  избирачи.

Што се однесува пак, до изборите за градоначалник на Град Скопје Даштевски потврди дека ќе има втор круг во кој влегуваат независниот кандидат Данела Арсовска која освоила  85.657 гласови, како и актуелниот градоначалник Петре Шилегов со освоени 77.852 гласови.

На прес-конференцијата беа соопштени општините во кои изборите за градоначалник завршија во првиот изборен круг, односно таму се избрани градоначалници. 

ВМРО-ДПМНЕ победи во 22 општини, СДСМ во 9 општини, а ДУИ во три општини. 

ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг доби градоначалници во општините (по азбучен ред): Аеродром, Босилово, Бутел, Велес, Виница, Гази Баба, Градско, Ѓорче Петров, Зрновци, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Кисела Вода, Неготино, Новаци, Могила, Петровец, Прилеп, Свети Николе, Сопиште и Штип.

СДСМ победи во општините: Берово, Богданци, Валандово, Делчево, Дорјан, Крива Паланка, Кривогаштани, Крушево и Струмица.

ДУИ ќе има градоначалници во Липково, Сарај и во Пласница.

Во останатите општини ќе има втор круг.

Даштевски информира дека првиот изборен круг ќе биде повторен во општините Центар Жупа и во Маврово – Ростуша бидејќи таму излезноста била под една третина од запишаните избирачи.

До вечерва немало приговори од учесниците во изборната трка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ